Сите зборуваат за овој УБАВ гест: Го запрел сообраќајот за да и помогне на девојка во количка да ја помине улицата

За припадникот на сообраќајната полиција во Нови Сад Јован Василевиќ, било тоа само еден работен ден како и секој друг. Сепак убавиот гест кој го направи, воодушеви многу кои поминуваа во тоа време на улицата. За тоа сега се зборува и на социјалните мрежи

Се се одвиваше на аголот на Футошки пут и Булевар Европа каде во моментов се работи на реконструкција на тротоарот и на велосипедската патека, а Јован беше на терен.

– Девојка во инвалидска количка физички не можеше да помине на пешачки премин и да се искачи на патеката. Мислам, нема можност да помине пешак, особено велосипедист или некој во инвалидска количка – изјави тој за Телеграф.

Како што понатаму објаснува, кога ја видел девојката како се движи во инвалидска количка, како се обидува да стигне до пешачката патека, не помислил, туку веднаш притрчал на помош.

– Има една делница од патот каде што се изведуваат работи и која е обележана со сообраќајна сигнализација. Така, девојката можела да оди само по тој пат, да стигне до првото место каде што може да се качи на тротоарот. На кратко ја запрев делницата од 50 метри и и помогнав да се искачи на тротоарот, раскажува Јован.

За овој млад човек, ова е потег кој би го направил секако, без разлика дали е во униформа или како цивил.

-Тоа би го направил секој кој е воспитан, без разлика дали си во цивилна облека или во униформа. Секогаш има такви ситуации. На пример, кај постарите кои полека поминуваат преку пешакот, па се пали црвеното светло.

Наша должност е секогаш да помогнеме и тоа треба да се земе здраво за готово, но се чини дека тоа, за жал, го има се помалку. Конкретно, граѓаните сè помалку ги штитат беспомошните – додава тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *