Ребека од Австралија: Работат и заработуваат во Германија, а навиваат за Пyтин – e како бе роџаци?

Ребека Стоилова од Австралија на својот фејсбук профил напишала фејсбук статус во кој остро ги критикува поддржувачите на Путин, велејќи дека многу македонци и балканци се лицемерни, живеат во Германија и сакаат иднина, сакаат западна технологија и шетаат на запад, но сепак дел од нив навиваат за Пyyтин.

Во продолжение статусот

Не може да си дозволите таков „луксуз“ бе роџаци. Едноставно, не може така. Ем сакате да дојдете овде во Австралија, сакате да отидете да работите во Гeeрманија, таму да живеете, таму да шетате и заработувате, а истовремено да плукате по Западот и да навивате за Пyyтин.

Па шо не заминете во некој руски град, таму да живеете, таму да праите паричка, таму да шетате? Што сте запнале сите со Германија, Америка, дај бе отидете таму да работите и така слободно, може да се каже дека имате право да навивате за вашиот идол.

Но вака? Е вака сте лицемерни. Читам мои пријатели на фејсбук, небитно кои, си пишуваат долги реферати и статуси, та бранат ли бранат, та плукаат ли, плукаат по западот. Истите тие замислете живеат таму луѓе. Таму ги плаќаат поради тоа што таму имаат работа. Од таму вадат леб, заработуваат пари за да кога ќе се вратат во Македонија глумат шеици и разноразни големи газди.

Е не иде така бе пријатели. Како така бе роџаци? Па дали сте свесни за вашето лицемерие, дали сте свесни за вашата несвесност? Дали воопшто знаете што значи ова јавно да го споделите?

Жално е што токму овие истиве имаат бугарски пасош, а се лепат на Цеца и Карлеуша, пијат виски на Аца Лукас, а мразат све што е европско. Според мене тоа е крајно лицемерен чин.

Се им е дадено на послужавник од западот, отишле таму директно на убави платички, за сеа да плyкаат по државите кои застанале против нивниот идол. Жално, жално, пишува Стоилова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *