Многу нормално е дека јавните личности се обидуваат да изгледаат подобро, па така често се решаваат на корекција на своето лице или тело.
Според козметичкиот хирург од Велика Британија, наводите дека Путин имал зафати за промена на својот изглед, се точни.
Според Ламбе, Путин имал неколку зафати за да го подобри својот изглед, не само поради измазнување на брчките, туку и за пополнување на неговото слабикаво лице, со какво го помнат многу Руси кога тој дојде на власт во 2000 година. Како што вели и еден виц, нема нови лица во руската политика, но Путин доби нов изглед.
Зборувајќи за СанОнлајн во 2019 година, д-р Ламбе од клиниката „Рефлект“ во Манчестер рече:
Контурата на лицето на Путин јасно се промени со текот на годините и додека формата на лицето кај луѓето обично станува потенка со возраста, неговото лице е значително пошироко и подебело.
Според Ламбе, ботоксот е во образите на Путин: Ова во голема мера би се сведувало на филерите за образите. Би рекол дека тој очигледно има посветен естетски хирург во неговиот тим бидејќи овие филери беа секако прилично суптилни на почетокот – додава д-р Ламбе.
Можам да видам и суптилно кревање на горниот дел од очите и многу веројатно подигнување на брадата – давајќи му многу повнимателен и посвеж изглед.
Совети за поубав Путин има токму докторот. Ламбе го советува
– Генерално, би рекол да се воздржите од филерите, господине Путин, бидејќи имате премногу и затоа тоа сега изгледа многу поочигледно.
Извор: Плусинфо