Протекоа први фотографии од приведувањето на Борисов: Еве ги деталите (ФОТО)

По информациите на бугарските медиуми дека полиција влегла во домот на Борисов, за прв пат се појавија фотографии и од неговото приведување. Според пишувања на тамошните медиуми поранешниот премиер на Република Бугарија ќе биде задржан 24 часа во полиција.

Претходно бугарските медиуми повикувајќи се на информации од тамошното МВР објавија дека полицијата го привела бугарскиот експремиер Бојко Борисов, како и уште неколку поранешни бугарски фунцкионери во голема заедничка акција на европското обвинителство и националната полиција

Претресот во домот на бугарскиот експремиер Бојко Борисов траел два и пол часа, а од неговиот дом не било земено ништо, изјавил неговиот адвокат Менко Менков за бугарските медиуми.

Тој информирал и дека Борисов бил пренесен во главната дирекција на полицијата и таму ќе биде задржан 24 часа, како што предвидува тамошниот закон.

Во меѓувреме, членови на пратеничката група на ГЕРБ и симпатизери и поддржувачи кои протестирале пред неговиот дом, сега се преселиле пред главната дирекција на полицијата, каде најавиле дека ќе го продолжат протестот, повикувајќи ги сите поддржуваччи да им се приклучат.

Портпаролката пак на главниот бугарски обвинител Иван Гешев, Сијка Милева, изјавила дека бугарското обвинителство не е известено за истражни активности против Борисов и другите функционери, повикувајќи ги медиумите одговори да побараат од Европското обвинителство кое е надлежно за случајот, пренесува Стандартњуз.

Милева истакнала и дека согласно законот, бугарското Обвинителство треба да биде известено за случајот во рок од 24 часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *