Овие 4 намирници се мелем за вашите црева: Го стимулираат варењето подобро од било кој лek

За среќа, постојат неколку видови на храна кои промовираат подобро варење, а ова се само некои од нив.

Нормалното функционирање на организмот е од големо значење за вашето целокупно здравје. Секоја нерамнотежа во телото може да предизвика одредени несакани здравствени проблеми.

Еден од таквите проблеми е варењето, што доведува до запек.

Иако недостатокот на физичка активност, изложеноста на стрес и употребата на одредени лекови значително придонесуваат за проблемот со неправилно празнење на дебелото црево, се чини дека главната причина за оваа состојба лежи во она што го јадеме или не го јадеме.

За среќа, постојат неколку видови на храна кои промовираат подобро варење, а ова се само некои од нив:

1. Суви сливи
Сувите сливи имаат репутација на лаксатив со векови, и со право. Поради ефектот врз гастроинтестиналниот тракт, сувите сливи треба да се јадат во ограничени количини, од две до пет по порција.

2. Ленено семе

Една лажица ленено семе обезбедува речиси три грама растворливи и нерастворливи влакна, поради што им се припишува лаксативно дејство.

Најдобро од сè, семките од лен лесно можат да се вклопат во вашата секојдневна исхрана: додадете ги во овесна каша, тестенини, салата или омиленото смути.

3.Кефир

Кефирот е намирница која е богата со пробиотици, а покрај тоа содржи и многу хранливи материи, а е исклучително корисен за здравјето на дигестивниот систем. Позитивно делува на целиот дигестивен систем, а добро влијае и на здравјето на коските.

4. Јаболко
Има добра причина за старата поговорка „Едно јаболко на ден го држи докторот подалеку од дома“, а дел од неа е тоа што јаболката помага за правилно функционирање на дигестивниот систем.

Тие дејствуваат како средства кои го зголемуваат обемот на храната, помагајќи го движењето на отпадот низ дигестивниот тракт кога имате запек и ја зацврстуваат столицата кога имате дијареа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *